Избрана статија за оваа седмица
|
|---|
Близуземски астероиди — мали тела во Сончевиот систем чија орбита ги носи во близина на Земјата. По дефиниција, близуземски астероид е тело од Сончевиот систем ако најмалото растојание на телото до Сонцето (перихел) е помал од 1,3 астрономски единици (АЕ). Доколку орбитата на близуземјиниот астероид минува низ орбитата на Земјата и има пречник поголем од 140 m, се смета за потенцијално опасно тело (ПОТ). Најпознати БЗА и ПОТ се астероидите.
Постојат повеќе од 17.000 близуземски астероиди, од кои стотина се краткопериодични близуземски комети, и бројни околусончеви летала и метеороиди доволно големи за да се следат во вселената пред да се судрат со Земјата. Денес е прифатено дека судирите во минатото имале значајна улога во образувањето на геолошката и биолошката историја на Земјата Близуземските астероиди поттикнале зголемен интерес од почетокот на 1980-ите поради зголемената свесност за потенцијалната опасност од астероидите или кометите, и се изнаоѓаат начини за избегнување или намалување на опасноста.
Засновано на орбиталните пресметки на БЗА, ризикот од идните судири се проценува според две скали, Торинската скала и посложената Палермска скала, при што и двете го проценуваат ризикот со вредности поголеми од 0. Некои БЗА имале позитивни почетни вредности на Торинската или Палермската скала по нивните откривања, но од март 2018 година со попрецизните пресметки и постепени набљудувања во повеќето случаи доведува до намалување на вредностите до или под 0. (Дознајте повеќе...)
архива · наредни избрани статии · критериуми
|
Слика и снимка на денот
|
|---|
 Главната ботаничка градина во Москва.
|
Верник со бројаница како игра со мачка во џамијата „ел-Езхер“, Каиро. Мачките важат за чисто и богоугодно животно во исламот.
|
|
|
Дали сте знаеле…
|
|---|
Занимливости од содржините на Википедија:

- ... дека целата Британска Индоокеанска Територија (аргипелагот Чагос) воопшто нема постојано население?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
- ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
- ... дека музејот Уфици во Фиренца еден од најстарите и најпосетуваните во светот?
- ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно?
- ... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 80 см?
- ... дека на Кавказот има дури три непризнаени држави — Апхазија, Јужна Осетија и Нагорно-Карабах (Арцах)?
- ... дека рускиот космонаут Алексеј Леонов е првиот човек во историјата кој излегол во отворена вселена?
- ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
- ... дека мексиканскиот цар Максимилијан I бил помлад брат на австрискиот цар Франц Јозеф I?
- ... дека првите градови настанале во Сумерија во IV милениум п.н.е.?
- ... дека Средноатлантскиот Гребен е дел од подводен верижен систем кој се протега 40.000 км низ целиот свет?
- ... дека англискиот збор Thursday (четврток) доаѓа од старонордискиот Þorsdagr, што значи „Ден на богот Тор“.
- ... дека сè до 2015 г. во Западните Фјордови на Исланд важел закон дека секој Баскиец виден на таа територија треба да се убие на лице место?
- ... дека меѓународниот стандарден книжен број (ISBN) е воведен во 1970 година?
|
На денешен ден…
|
|---|
Денес е 26 февруари 2019 г.
Настани:
1531
|
Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
|
1815
|
Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
|
1848
|
Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
|
1901
|
По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
|
1909
|
Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
|
1915
|
Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
|
1918
|
Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
|
1936
|
Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
|
1984
|
Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
|
1987
|
Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
|
1991
|
По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
|
1992
|
Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
|
1993
|
Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
|
2004
|
Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
|
2008
|
Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.
|
Родени:
1725
|
Никола Кињо — изумител на автомобилот.
|
1802
|
Виктор Иго — француски писател.
|
1846
|
Бафало Бил — американски војник, ловец и забавувач.
|
1861
|
Фердинанд I — кнез и цар на Бугарија.
|
1887
|
Стефан Грабињски — полски писател.
|
1898
|
Константин Библ — чешки поет.
|
1902
|
Веркор — француски писател.
|
1928
|
Фетс Домино — американски рокенрол-музичар.
|
1932
|
Џони Кеш — американски пејач, глумец и автор.
|
1932
|
Спиро Прилепчански — македонски новинар, уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.
|
1948
|
Ѓорѓи Колозов — македонски глумец.
|
1949
|
Ема Керкби — англиска пејачка, специјалист по раномузичка изведба.
|
1952
|
Лука Перузовиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
|
1956
|
Мишел Уелбек — француски романописец, поет и режисер.
|
1963
|
Милко Ѓуровски — македонски и југословенски фудбалер.
|
1970
|
Предраг Даниловиќ — српски кошаркар.
|
1973
|
Оле Гунар Солксјер — норвешки фудбалер и тренер.
|
1980
|
Хулијан Санчез — шпански велосипедист.
|
1982
|
Ли На — кинеска тенисерка.
|
1983
|
Сергеј Биков — руски кошаркар.
|
1983
|
Пепе — португалски фудбалер.
|
1986
|
Начо Монреал — шпански фудбалер.
|
Починале:
1875
|
Светозар Марковиќ — српски политичар и публицист.
|
1916
|
Наум Туфекчиев — македонски револуционер.
|
1927
|
Херман Обрист — швајцарски и германски дизајнер и вајар.
|
1938
|
Александар Амфитеатров — руски писател.
|
1952
|
Јозеф Торак — австриско-германски вајар.
|
1960
|
Александар Белиќ — македонист.
|
1971
|
Фернандел — француски глумец.
|
1998
|
Теодор Шулц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1979 година.
|
2004
|
Борис Трајковски — претседател на Република Македонија.
|
|
|
|
Што е Википедија?
|
|---|
Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.
Сакате да помогнете? Започнете со нашиот вовед!
Содржина и помош
почетен курс ·
помош ·
кратко упатство ·
превод на статија ·
вашата прва статија ·
селска чешма ·
викисредби ·
начела и напатствија ·
категориски индекс ·
избрана содржина ·
добри статии ·
нови статии ·
потребни статии
|
Тематски портали
|
|---|
Природни науки астрономија · биологија · геологија · екологија · информатика · математика · логика · медицина · физика · хемија
Општествени науки археологија · економија · историја · митологија · политика · право · психологија · социологија · филозофија
Географија Европа · Јужна Америка · Азија · Африка · Северна Америка · Антарктик · Океанија
Технологија и применети науки индустрија · семрежје · инженерство · земјоделство · општење · образование · транспорт
Уметност и култура архитектура · мода · јазици · кулинарство · ликовна уметност · книжевност · музика · религија · спорт · драмска уметност · телевизија · филмска уметност
|
Други области
|
|---|
Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
Збратимени проекти
|
|---|
Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:
|
Ризница Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
|
|
Викивести Вести со права за слободна употреба
|
|
Викиречник Речник и лексикон
|
|
Викицитат Збирка на цитати
|
|
Викикниги Учебници и прирачници со права за слободна употреба
|
|
Викиизвор Библиотека на дела со права за слободна употреба
|
|
Викивидови Именик на видови
|
|
Викиуниверзитет Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
|
|
Мета-вики Усогласување на проектот „Викимедија“
|
|
Википодатоци База на слободни знаења
|
|
Википатување Отворен туристички водич
|
|
|